Нов пресврт, Икарди сепак нема да игра против Лацио

Аргентинецот Мауро Икарди сепак нема да биде во составот на Интер за утрешната дерби средба со Лацио, иако деновиве тренираше со тимот. Поранешниот капитен на Интер се врати после речиси два месеци апстиненција, се тврдеше дека би можел да заигра на дерби со римските „орли“, но 26-годишниот напаѓач е изоставен од листата на играчи.

„На некој начин изгледаше како да ни дошол нов играч во екипата. Тој долго не беше со нас, но тренираше нормално. Вчера се случи нешто, и морав да проценам што да правам и да донесам одлука. Ќе видиме дали ќе игра на наредниот меч“ – изјави тренерот Лучано Спалети.

Проблем за Интер е што повреден е и Лаутаро Мартинес, па веројатно против лацијалите во шпицот на нападот ќе биде Кеита Балде.

- Оглас -

Најнови вести