За еден гол му побегнаа 32.000 фунти, а вложи само две

Еден човек од Англија попладнево се молеше голманот на Борнмут, Асмир Беговиќ, да направи уште еден голем кикс против Лестер и да прими уште еден гол, што ќе му донесе добивка од 32 илјади фунти, од тикет за кој уплатил само две фунти.

Прогнозерот чекаше да паднат три гола, а Лестер во 82 минута поведе со 2-0, кога Беговиќ лошо реагираше и му ја олесни работата на Џејми Варди. Пред овој меч, Лестер имаше низа од шест меча по ред со три или повеќе голови, па веројатно обложувачот мислеше дека таа серија ќе продолжи.

При 2-0, во финишот двата тима имаа прилики за гол, но резултатор остана 2-9 и несреќникот сепак остана без добивката.

Погледнете кои беа паровите на кои се обложи Англичанецот:

 

- Оглас -

Најнови вести