Аргентина го победи Бразил со 3-0 во меч од првенството на Јужна Америка за играчи до 17 години, и токму со третиот гол на Амионе во 93 минута, избраниците на Пабло Аимар ги елиминираа „кариоките“.
Во групата Б, Уругвај, Парагвај, Аргентина и Бразил имаа по 7 бода, Колумбија остана на нула, а понатаму отидоа првите три, благодарение на нешто подобрата гол-разлика од несреќниот Бразил кој ако загубеше 0-2, ќе одеше понатаму и ќе отпаднеа „гаучосите“.
После натпреварот, Бразилците беа тажни од неочекуваното испаѓање, некои од нив плачеа на терен, а Аргентнците покажаа врвен ферплеј и ги тешеа своите ривали, во обид да им ја ублажат болката.
„Момците се фудбалери два часа, а во остатокот од денот се обични луѓе“ – изјави Аимар.
Ова е голот кој ги фрли Бразилците во очај:
https://www.youtube.com/watch?v=61Zauf5GoRM