Валенсија ја совлада Севилја со минимални 0-1 на гостувањето на „Рамон Санчес Писхуан“ во дербито од 29-тото коло во Ла Лига. Трите бода за „лилјаците“ ги донесе капитенот Дани Парехо со гол од белата точка кој го постигна во првата минута од судиското надополнување во првото полувреме.
Валенсија на тој начин се израмни по бројот на бодови на табелата со нивниот денешен противник, сега двете екипи имаат по 43 бода, но избраниците на Марселино по ова коло ќе преседат на шестото место, додека седмото место припадна на Севилја.