Марк Маркес ја освои Големата награда на Аргентина по третпат откако патеката „Термас де Рио Хондо“ учествува во МотоГП шампионатот од 2014 година. Светскиот првак ја оправда фаворитската улога и уште од стартот немаше дилеми околу победникот, откако ги остави Роси и Довициозо 12 секунди зад себе.
Победникот од трката во Катар, во последниот круг ја загуби втората позиција откако Роси го престигна во претпоследниот свиок. Најдобар подвиг направи возачот на Сузуки Алекс Ринс, кој трката ја започна од 16-тата позиција, а на крајот заврши на петтото место.
Третата овосезонска трка ќе се одржи во САД за Големата награда на Америка, која е закажана на 14 април.