Чекатрејд купот е натпреварување наменето за третолигашите и четвртолигашите во Англија, а денес се одигра финалето, во кое се соочија Портсмут и Сандерленд. Фудбалерите на Портсмут го освоија трофејот откако беа подобри во пенал-рулетот со 5-4, а резултатот во регуларните 90 беше 1-1, односно 2-2 по дополнителните 30 минути.
Средбата се одигра на националниот стадион во Лондон „Вембли“, каде што присуствуваа над 85.000 гледачи. Некогашниот премиерлигаш за првпат во својата историја стигна до овој трофеј.