Мохамед Салах и на дуелот против Тотенхем го продолжи голгетерскиот пост. На последните осум меча во Премиер лигата, Салах нема постигнато ниту еден погодок. Иако и против Тотенхем не погоди, Салах беше еден од најзаслужните за триумфот.
Токму Египѓанецот беше најзаслужен за победничкиот погодок на Ливерпул против Тотенхем. Во 90-тата минута, Салах упати една топка кон голот на гостите, таа го удри дефанзивецот на Тотенхем Алдервејрелд и заврши во голот. Со тој погодок, Ливерпул стигна до посакуваните три бода и повторно е лидер во Премиер лигата, пред Манчестер сити.
По дуелот, Салах имаше што да им порача на сите оние кои потенцираат дека осум меча нема дадено гол во англиското првенство. И покрај таквиот пост, Мо досега има дадено 17 погодоци во англиското првенство.
„Освоивме три бода и тоа е најважно. Не ме интересира голот. Има играчи кои имаат дадено еднаков број голови како јас и тоа им е најдобра сезона во животот, а јас со толку погодоци треба да се чувствувам лошо. Сакам да ја освојам Премиер лигата. За мене тоа е најважна работа. Атмосферата на трибините беше луда. Навивачите многу ни помогнаа да стигнеме до победата. Тие очајно сакаат да се израдуваат на титулата, а ние ќе се обидеме тоа да им го овозможиме“, рече Салах.