Не е најубавиот гол за овој викенд, но сигурно е најубавата прослава на еден погодок за изминатиов викенд во Европа. Салвато Косимано е играч на италијанската Месина, кој реши на емотивен начин да го прослави постигнатиот погодок. Месина со 2-0 го победи Палмесе, а со овие три бода домаќините си обезбедија опстанок во Серија Д.
Салвато го даде вториот погодок, а потоа наместо да прослави со своите соиграчи, тој истрча на трибината. Помина 10-тина реда и на крајот стигна до својата мајка и силно ја прегрна.