Анри за три месеци зел повеќе пари од Гвардиола за цела сезона

Аргентинскиот стручњак, Диего Симеоне од Атлетико Мадрид, е најскапо платен фудбалски тренер на светот, а има едно големо изненадување на листата од пет најдобри платени тренери оваа сезона. Станува збор за Тјери Анри, кој три месеци седеше на клупата на Монако.

Анри, кој не е докажан како тренер, во Монако за трите месеци заработил 25,5 милиони, што е повеќе од тоа што цела сезона го земаат Пеп Гвардиола во Манчестер сити или Ернесто Валверде во Барселона. Анри имаше четири победи, пет нерешени и 11 порази, со гол разлика 15-36 во црниот резултатски период кога инкасираше над 25 милиони.

Симеоне со новиот договор ќе зема дури по 41 милион евра и убедливо го држи врвот. Втор е Жозе Мурињо, кој од Манчестер јунајтед по отказот доби 31 милион, па Анри, а во топ 5 се и Гвардиола и Валверде.

 

- Оглас -

Најнови вести