На Меси му е полесно кога шутира слободни удари отколку пенали

Лионел Меси во дресот на Барселона има постигнато дури 39 голови од слободен удар, викендов против Еспањол исто така изведе мајсторија, a самиот Аргентинец откри дека многу му е полесно кога шутира слободни удари, отколку пенали.

„Притисокот не може да се спореди. При пенал, сите очекуваат да дадеш гол и притисокот е многу поголем. Кај слободните удари тоа не е случај“, изјави Меси споредувајќи ги казнените удари.

До 2008 година, Меси не ни беше изведувач на слободни удари во Барса, а од 2009 наваму тој секоја сезона дава по некој гол од слободен удар. На разни начини ги тресе противничките мрежи, а вечерва можеби на испит ќе биде и голманот на Вилјареал, Серхио Асенхо.

ГИ СМЕНИ ПОЛОЖБАТА НА СТАПАЛОТО И РАМОТО

Направена е и анализа на неговиот стил на шутирање и дојдено е до заклучок зошто во последно време е сè подобар при слободни удари.

Промената која Меси ја направи е во поставувањето на десната нога. Порано тој врз десната нога ја ставаше целата тежина и балансираше со надворешниот дел од копачката, па често губеше рамнотежа. Сега со целото стапало гази на тревата и тоа му дава стабилност и убоитост. Исто така, ја смени и положбата на горниот дел од телото. Сега рамењата и градите му одат кон напред.

- Оглас -

Најнови вести