Ви личи ли дека овие двајца се 18-годишни?

Фотографија на која се гледаат двајца етиопски учесници на Светското првенство во крос за атлетичари до 20 години во данскиот Архус предизвика многу реакции и контроверзи.

Ајеле заврши на 11-тото место, Јетвале беше 21-ви. Двајцата старолики тинејџери наводно се родени во декември 2000 година.

Според официјалните податоци кои ги има Интернационалната атлетска федерација ИААФ, Гетнет Јетвале и Динкалем Ајеле имаат, верувале или не, по 18 години. Сите кои ги виделе на сликата, сметаат дека овие двајца имаат барем двојно повеќе од 18 и дека станува збор за груб фалсификат.

Што мислите вие?

- Оглас -

Најнови вести