На Годин и на Гриезман им здосади серијата нерешени со Жирона

Атлетико Мадрид за првпат во официјален меч ја победи Жирона, вечерва со 2-0, и остана на втората позиција во Ла Лига зад лидерот Барселона.

Диего Годин погоди во 76-тата минута, а првата победа во шестиот меѓусебен дуел ја запечати Гриезман со погодок во последните моменти.

Досега двете екипи играа петпати и сите мечеви завршија нерешено. Вечерва популарните „јорганџии“ ја прекинаа традицијата и се доближија на 7 бодови до лидерот Барселона.

Жирона со вториот пораз по ред дојде блиску до опасната зона за испаѓање и има само 6 бода повеќе од Селта.

- Оглас -

Најнови вести