„Волците“ имаат остри заби за „црвените ѓаволи“

Вулверхемптон повторно се покажа како незгоден ривал за Манчестер јунајтед и повторно го победи фаворитот, вечерва во меч од Премиер лигата со 2-1.

Истиот резултат беше и во ФА купот и исто така се играше на „Молињу“ како и вечерва. Гостите подобро го почнаа мечот и со голот на Мек Томинеј поведоа со 1-0, но „волците“ успеаја да приредат нов подвиг против Манчестер јунајтед.

Со головите на Жота и автотоголот на Смолинг успеаја да направат пресврт и да победат. Поразот значи чекор назад за амбициите на Манчестер јунајтед да игра во Лигата на шампионите.

Вечерва со поразот од 1-4 против Ватфорд, екипата на Фулам се прости од настапите во Премиер лигата. Имаат уште пет меча за одигрување, а заостануваат за недостижни 16 зад Барнли.

- Оглас -

Најнови вести