Само Италија има два лидера во групите од Лигата на шампионите

Италија е единствената држава која има две екипи кои се првопласирани во своите групи од Лигата на шампионите во фудбал. Јувентус и Наполи се лидери во своите групи, а и Интер и Рома имаат реални шанси да се пласираат во осминафиналето и да потврдат дека италијанскиот клупски фудбал полека се враќа на старите патеки.

Во второто коло, кое се играше вчера и завчера, сите четири италијански тимови извојуваа победи.

Од друга страна, четирите англиски екипи засега се „резервирани“ и никоја од нив не е прва во својата група. Ливерпул имаше прилика да биде прв во можеби најтешката група во ЛШ, но примениот гол во финишот и поразот од Наполи му ги расипа сметките на тренерот Јирген Клоп.

Вистински куриозитет е што свој лидер во групите по двете рунди имаат Германија, Шпанија, Португалија, Холандија, Франција и Русија. Сликата може да се смени по наредното или во следните две кола, но во моментов постои голема разноликост и тоа е добро за европскиот клупски фудбал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести