Челзи може да го искористи киксот на Манчестер јунајтед и со евентуална победа вечерва против Брајтон да дојде до четвртото место, кое води во Лигата на шампионите за следната сезона. Лондонскиот тим треба да има лесна задача на својот „Стемфорд бриџ“ бидејќи за противник го има тимот на Брајтон.
Овие два тима во првенството се сретнале седум пати, а Челзи има перфектен учинок и секогаш се радувал. Вкупната гол-разлика на тие средби е 14-2 во корист на фаворитот. Тренерот на Челзи, Маурисио Сари, е под притисок дека мора да победи бидејќи евентуален неуспех може да значи и отказ за него.
Челзи сезонава има само еден пораз во 15 меча на „Стемфорд бриџ“ (девет победи и 5 нерешени), а на шест од последните девет средби нема примено ни гол. Тоа што е интересно за Челзи е што е единствениот тим во Премиер лигата кој сезонава нема добиено ниту еден црвен картон.