Атлетико може да остане без напаѓачи за дуелот против Барселона

Атлетико Мадрид се доближи на осум бода до лидерот Барселона, а в сабота, во меѓусебен дуел, мадриѓаните ќе се обидат да направат изненадување и уште повеќе да ја намалат негативата. „Јорганџиите“ останаа единствен ривал на Каталонците во трката за титулата, ако се знае дека синоќа Реал загуби на гости кај Валенсија и сега заостанува дури 13 бода, на осум кола до крајот.

Барселона секогаш е фаворит кога игра на „Камп ноу“, а за Атлетико ова гостување е во многу лош период. Поради повреда, сигурно нема да игра Алваро Мората. Напаѓачот кој дојде во Атлетико како позајмен од Челзи е повреден и сигурно нема да настапи на дербито во Барселона.

Мака за гостинскиот тренер е и повредата која го мачи Коста. Многу лесно може да се случи и вториот напаѓач на Атлетико да не игра поради повреда, што значи дека гостите во офанзивниот дел ќе го имаат само Антоан Гриезман, кој многу пати досега покажал дека и сам знае да се снајде и да биде продуктивен за тимот.

За разлика од Атлетико, во Барселона немаат посебни проблеми околу составот.

 

- Оглас -

Најнови вести