Легендарниот Грег Попович исклучен само по една минута игра (Видео)

Еден од најдобрите тренери во историјата на НБА-лигата, Грег Попович, по вторпат оваа недела е исклучен. Утрово Попович издржа само една минута и три секунди од почетокот на мечот, кога судијата му го покажа патот кон соблекувалната.

На дуелот против Денвер, Попович побара тајмаут само по 1:03 минути поминати од првата четвртина, кога противникот имаше предност од 5:0. Додека траеше одморот за играчите, тренерот на Сан Антонио влезе во конфликт со еден од судиите. Најпрво доби техничка грешка, а потоа беше и исклучен.

Сан Антонио убедливо го загуби мечот со 113:85, но тимот сепак ќе биде дел од плејофот, откако го обезбеди најмалку осмото место на Западот.

- Оглас -

Најнови вести