Арсенал во зимскиот преоден рок во своите редови го доведе Денис Суарес од Барселона. Играчот за врска не се покажа на „Камп ноу“, па затоа беше даден под наем во редовите на „топчиите“. Арсенал за Суарес плати 3,1 милиони евра, а откако е дојден во лондонскиот тим, има одиграно само 95 минути.
Суарес одигра 67 минути во Премиер лигата, а одигра и 28 минути во осминафиналето од Лигата на Европа во дуелот против БАТЕ Борисов. Статистички, Суарес за секоја минута помината на теренот го чини Арсенал по 32.700 евра, што, секако, тој просек го прави еден од најскапите фудбалери кои трчаат на терените сезонава во Европа.