Роџер Федерер со потег на месецот (Видео)

Швајцарската тениска легенда Роџер Федерер во последниов месец редеше успеси, играше финале во Индијан Велс, па го освои Мастерсот во Мајами, зеде титула и на АТП-турнирот во Дубаи, а 37-годишниот „Фед-екс“ доби награда и за најубав поен во месецот.

Признанието за Федерер е благодарение на гласовите на љубителите на тенисот, кои му дадоа предност во однос на останатите кандидати. Имаше четворица кандидати за сопственици на поен на месецот: Ник Кирјос (доби 26 проценти од гласовите), Доминик Тим (7 проценти), Федерер (56 проценти) и браќата Брајан (11 отсто).

Поенот на месецот беше на натпреварот на Федерер против Кевин Андерсон во четвтфиналето во Мајами.

Погледнете и уживајте во мајсторската снаодливост на Швајцарецот во игра на мрежа:

- Оглас -

Најнови вести