Панатинаикос го совлада Будуќност и по седум победи на последните осум меча, се пласираше во четвртфиналето на Евролигата, а американскиот тренер Рик Питино, кој е предводник на „зелените детелинки“, во соблекувалната им одржа говор кој стана хит на социјалните мрежи.
Питино рече дека денеска тимот ќе има слободен ден и затоа ќе биде разочаран ако не заглават до 7 часот наутро. Засега нема информации дали играчите го послушале и дали славеле до утринските часови.
„Многу сум горд на вас бидејќи ако погледнете стари снимки, ова е дефанзивна екипа, додека сега сме поинаков тим. Мораме да го задржиме тоа и да бидеме подготвени за дуелите со Реал Мадрид. Вие сте возрасни луѓе, не сте деца. Утре имаме слободен ден и ако не заглавите барем до 7 часот наутро, ќе бидам разочаран“, порача Питино со насмевка кај присутните.
Η ομιλία του coach Ρικ Πιτίνο στα αποδυτήρια μετά τη σημερινή νίκη επί της @KKBUDUCNOST.
——
Coach @RealPitino speech @ the locker room after today’s win against @KKBUDUCNOST.#paobc #panathinaikos #EuroLeague #PlayOffs #GameON pic.twitter.com/TdwBE59nVR— Panathinaikos BC (@paobcgr) April 4, 2019