Една од најдобрите светски тенисерки, Елина Свитолина блесна во секси издание за украинскиот специјал на „Плејбој“. Седморангираната на ВТА листата изненади со фотографиите за насловната страница на реномираниот магазин.
Свитолина игра одличен тенис, има потенцијал и за гренд-слем титула, бидејќи има само 24 години, а и плени со убавината на тениските турнири.
Девојката што е родум од Харкив, Украина има освоено две ВТА титули и има по две четвртфиналиња на Австралија опен и на Ролан Гарос. Најдобар ранкинг и е третата позиција на ВТА листата во септември 2017 година и таа е една од предводничките на нејзината тениска генерација.