Има и доказ дека Азар летоска ќе дојде во Реал

Еден Азар во летниот преоден рок ќе дојде во Реал Мадрид. Тоа го тврди реномираниот шпански весник „Марка“. Според најавите, белгискиот репрезнетативец веќе решил да го промени клубот и одбил нов договор со Челзи. Сагата околу евентуалниот трансфер на Азар во Реал трае веќе две години а летоска би требало да биде завршена.

Најдобриот играч на Челзи е на „Стемфорд Бриџ“ веќе седум години, кога лондончани платија 35 милиони евра. Сега се очекува Челзи да инкасира 130 милиони евра од неговото заминување. Во синиот дрес на тимот од „Стемфорд Бриџ“ одигра 341 меч и постигна 106 голови, а имаше и 87 асистенции.

Сега со Реал треба да го стави потписот на шестгодишен договор, што би значело дека Азар ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ додека не наполни 34 години. Како дополнителен доказ дека работата околу овој трансфер е завршена, „Марка“ наведува дека Азар веќе бил во Мадрид и барал вила во која ќе треба да живее додека игра за Реал.

 

- Оглас -

Најнови вести