Баер Леверкузен може да се прости со желбата да се избори за место кое води во Лигата на шампиони за следната сезона, откако загуби на свој терен со 2:4 од Лајпциг, во меч од 28. коло во Бундес лигата. Баер на полувреме водеше со 2:1, но Лајпциг направи целосен пресврт во вториот дел. Предводени од Тимо Вернер, гостите дадоа три гола во второто полувреме и на крајот стигнаа до победа од 4:2.
Со оваа победа, Лајпциг потврди дека е веднаш зад двете најдобри екипи во Германија, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Лајпциг многу веројатно е дека ќе игра во ЛШ и во следната сезона.
Најблиску до Лајпциг е Ајнтрахт, кој на драматичен начин стигна до трите бода на гости кај Шалке. Лука Јовиќ погоди од пенал дури во 99 минута за триумф од 2:1 на Ајнтрахт кај Шалке.
Резултати: Баер Леверкузен – Лајпциг 2:4, Херта – Фортуна Дизелдорф 1:2, Шалке – Ајнтрахт 1:2, Штутгарт – Нирнберг 1:1, Волфсбург – Хановер 3:1.