Четврток е ден за Лигата на Европа, одбравме шест меча кои се привлечни за типување во обложувалниците на SPORT LIFE. Се надеваме дека мини-анализите и квотите ќе ви помогнат при одлуката што да се игра денеска.
Милан – Олимпијакос (18.55 часот)
Шанса за резервите да се наметнат кај Гатузо
Некогашните редовни учесници во ЛШ, веќе не се во европскиот врв, па сега се среќаваат во Лигата на Европа со надеж дека ќе се вратат на старите патеки. Милан се мачеше во првото коло против Дуделанж, а Олимпијакос дома играше нерешено со Бетис. Кај Милан се очекува „мешање на картите“ и во почетниот состав да бидат Реина, Калдара, Бакајоко, Лаксал, Кастилјехо.
На Пирејците, кои загубија од ПАОК, можеби попаметно им е да се чуваат за дерби-дуелот со АЕК, кој ако го загубат, ќе се оддалечат од првото место во грчката лига, која им е приоритет.
Предлог тип: Т1 1+I & Т1 1+II (2.15)
Карабах – Арсенал (18.55 часот)
Англичаните и ослабени се појаки од Азербејџанците
Лондонските „топчии“ имаат поквалитетен играчки кадар, тргнаа со победа, за разлика од Азербејџанците кои беа поразени. Арсенал игра ефикасно и затоа освен тоа што не би требало да загуби, ќе бидат постигнати барем три гола, но не и повеќе од пет, со оглед на тоа дека нема да играат Обамејанг, Чех, Косељни, Мавропанос, Рамзи и Мхитарјан.
Предлог тип: Х2 & 3-5 (2.40)
Ајнтрахт – Лацио (21.00 часот)
Логиката кажува дека ќе има голови во Франкфурт
Германскиот и италијанскиот тим во првото коло победија по 2-1 во своите мечеви. Лацио четири меча по ред игра ГГ&3+, па и овојпат би требало да паднат голови во двете полувремиња. Кај Ајнтрахт, четворица се повредени или суспендирани, но тимот има низа од пет меча без пораз и 12 меча по ред даваат барем еден гол.
Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.00)
Салцбург – Селтик (18.55 часот)
„Биковите“ во голгетерско расположение ќе се пробаат со четата на Џерард
Салцбург и Селтик по пауза од четири години, повторно се среќаваат во групната фаза во Лигата на Европа. Од последните, поточно први меѓусебни средби на овие две екипи, „биковите“ извлекоа подобар исход од двомечот. Прво на „Ред бул арената“ одиграа реми од 2-2, а потоа во Глазгов шкотскиот гигант загуби со 3-1. Ако се земат предвид овие два дуели, тогаш Салцбург и Селтик најавуваат дека вечерва повторно ќе паднат доста голови. Покрај овој податок, Салцбург ќе го пречека Селтик во голгетерско расположение, откако на последните пет меча во сите натпреварувања постигна 18 погодоци, вклучувајќи ги оние три од дуелот против Лајпциг во првиот меч од Лигата на Европа.
Предлог тип: ГГ3+ (2.22)
Краснодар – Севилја (21 часот)
Севилја прв пат ќе гостува во Краснодар
Овој дуел ќе биде рана борба за првото место во групата Ј, и двете екипи ќе сакаат што поскоро да обезбедат пласман во нокаут-фазата. Сепак, противниците за првпат вечерва ќе ги вкрстат силите, Андалужаните доаѓаат на непознат терен, но искуството во ова натпреварување е на нивна страна. Двете екипи се во победнички серии, Севилја победи на последните четири меча во сите натпреварувања, Краснодар се навикна да победува без примен гол, на последните шест меча имаат примено само еден, додека реализирале 15 погодоци.
Предлог тип: 1-3l & 1-3II (1.83)
Спартак Москва – Вилјареал (21 часот)
Уште еден руско-шпански дуел ќе се игра на руски терен
И Спартак и Вилјареал за првпат ќе се сретнат во ова натпреварување, исто како и Краснодар и Севилја. Меѓутоа, овие две екипи не се во добра форма како погоре наведените. Јасно е дека победа е единствена опција и за Спартак и за Вилјареал, бидејќи во првото коло рускиот состав загуби од Рапид Виена со 1-0, а „жолтата подморница“ одигра реми од 2-2 со Ренџерс. Двете екипи на оваа средба доаѓаат со порази во своите домашни првенства од последните натпревари, и тоа пред свои навивачи. Спартак загуби со минимални 1-0 од Ростов, додека Вилјареал со идентичен резултат загуби од Валјадолид, па овој дуел добро ќе дојде за да се поправи впечатокот.
Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.88)