„Зорилја“ повеќе не е енигма за Севилја

Севилја со сигурните 0-2 на гостувањето кај Валјадолид прекина долгогодишна традиција која не беше во нивна полза. Андалузискиот тим за првпат по повеќе од две денеции успеа да земе три бода на незгодниот стадион „Зорилја“, а фудбалерите на Хоакин Капарос мораа доста да се испотат за да се вратат дома со цел плен.

Головите за победа ги постигнаа Роке Меса и Муни Ел Хадади во завршницата од средбата која се одигра во рамки од 31-то коло во Ла Лига. Со 14-от позитивен резултат во шпанскиот шампионат, Севилја сега е на еден бод од четвртото место кое припаѓа на Хетафе, додека за Валјадолид е резервирано 16-тото место, нивниот статус на прволигаш уште им виси, бидејќи еден од ги дели од зоната за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести