Малер на неделата: Поради еден утнат пенал, остана без 450.000 денари

Најпознатата реплика меѓу играчите во обложувалниците „за една не фатив пари“ сигурно многу пати е спомената и изминатиов викенд. Сепак, еден играч во Sport Life обложувалниците долго ќе го памти тоа „за една“, откако само еден гол му недостасуваше да има добивка од 451.171 денари.

Само со 60 уплатени денари и наредени 25 натпревари, малерозна се погодила средбата меѓу Блекбурн и Стоук. Типот било дека треба да има 2+ голови на целиот меч и добро тргнало. Во 14-тата минута Стоук поведе со 1-0 со голот на Етебо. За да биде добитен овој тип, требало да има уште еден гол во која било мрежа во преостанатите 75 минути.

Во 45-тата минута беше досуден пенал за Стоук. Некогашниот напаѓач на Барселона, Бојан Кркиќ, реши да го изведе ударот од белата точка – и згреши. Кркиќ не постигна гол, а до крајот на средбата мрежите мируваа. Тој утнат пенал се покажал како кобен и единствена утка на ливчето на кое има 24 погодени средби.

Едноставно, овој тикет со право го има приматот за „малер на неделата“.

- Оглас -

Најнови вести