Јоаким Лев има се побвеќе проблеми со репрезентативците на Германија, а нов конфликт селекторот на популарниот „Елф“ има со Лирој Сане. Играчот на Манчестер сити ја напушти репрезентацијата по завчерашниот дуле со Франција во Лигата на Нации. Незадоволен од минутажата, а играше малку, само 7 минути во финишот на мечот со светските прваци, Сане одлучи да си замине и да не игра против Перу.
Конфликтот меѓу него и Лев почна многу порано, откако офанзивниот играч на Манчестер Сити изненадувачки не се најде на списокот на германската селекција за Мундијалот во Русија. Лев потоа се пишмани, одлучи да го врати Сане во репрезентацијата за стартот на Лигата на Нации, но мир меѓу нив двајца имаше кус период.
Ова се неочекувани проблеми за Германците, а претходно и Месут Озил имаше голем и проблеми и одлучи веќе да не игра за четирикратните светски прваци.