Поранешниот англиски фудбалер Гери Линекер, покрај тоа што е познат по головите кои ги даваше додека беше на фудбалскиот терен, сите го паметат и по легендарната изјава: „Фудбалот е едноставна игра, 22-ца играчи ја бркаат топката 90 минути, а на крајот Германија победува“. Сега Линекер постави едно прашање за кое смета дека не треба да се дебатира.
Линекер го гледаше дуелот меѓу Тотенхем и Барселона, на кој само уште еднаш се уверил дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња. Линекер многу добро ги знае квалитетите и на Диего Армандо Марадона, а сигурно го гледал и Пеле како играч, но сепак нема дилеми дека Меси е најдобриот.
„Искрено, дали некој навистина мисли дека постои подобар фудбалер од Лионел Меси? Навистина?“, вели Линекер, кој додаде дека го обожава и Кристијано Роналдо, но, сепак, не е толку добар фудбалер како Меси, бидејќи Аргентинецот е на сосема друго ниво.
Меси синоќа на „Вембли“ даде два гола и уште еднаш потврди дека посебно му одговара кога игра против екипи од Англија.