Посебен мерак за Клоп – стигна до јубилејна победа во кариерата

Ливерпул има солидна предност од 2-0 против Порто пред реваншот во Португалија, по првиот меч во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Англискиот гигант уште во првите 25 минути даде два погодока, а потоа мирно ја сочува својата мрежа, па сега има големи шанси да се надева за пласман во полуфиналето.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, може да биде задоволен од играта на своите играчи, кои му ја донесоа јубилејната 400-та победа во неговата тренерска кариера. За Клоп ова беше 111 победа како предводник на Ливерпул, а има и 180 триумфи на клупата на Борусија Дортмунд, како и 109 радости додека го предводеше тимот на Мајнц.

 

- Оглас -

Најнови вести