Поразот на Сити не е случаен – Гвардиола е очаен на гости во нокаут-фазата од ЛШ

Манчестер сити загуби на гости кај Тотенхем со 1-0, резултат кој сепак ги остава „граѓаните“ со реални шанси дека може да стигнат во полуфиналето. Уште пред почетокот на мечот, изненадување за многумина беше тоа што во стартниот состав на гостите ги немаше Сане, Де Бројне и Бернардо Силва, кои најчесто се стартери.

Иако ова беше еден од најважните дуели на Сити сезонава, тројцата стартери останаа на клупата. Сане и Де Бројне влегоа како резерви во 89-тата минута и немаа време да направат ништо за гостите. Сити имаше своја шанса на новиот стадион на Тотенхем, но Серхио Агуеро утна пенал во првиот дел.

Дека поразот на Манчестер сити не треба да е изненадување, говори и податокот дека Гвардиола како тренер има само три победи во последните 15 гостувања во нокаут-фазата од Лигата на шампиони. Шпанскиот стратег претходно беше тренер на Барселона и Баерн Минхен, но ретко кога наоѓаше начин како да се победи во нокаут-фазата на туѓ терен.

Сити славеше пред неполни два месеца на гости кај Шалке, и тоа со пресврт, на крајот победи со 3-2. Претходно тим предводен од Гвардиола на гости во ноуакт-фазата што победил е Сити против Базел со 4-0, а првата ваква победа на Гвардиола е во февруари 2014 година, кога со Баерн славеше против Арсенал со 2-0.

Инаку вкупниот биланс на Гвардиола како тренер на гости во нокаут-фазата му е шест победи, 10 ремија и 10 порази.

- Оглас -

Најнови вести