Идејата да се преименува тенискиот стадион во Базел од „Сент Јакоб“ во „Роџер Федерер“ наиде на пречка од властите на градот. Огранизаторите на тенискиот турнир кој е дел од АТП 500 турнејата, пристискаа да го преименуваат стадионот во чест на нивниот миленик и најголемиот спортски амбасадор на Швајцарија, Роџер Федерер.
Сепак, како што истакна првиот советник на општината Мартина Бернискони, тоа не е возможно бидејќи Роџер е сè уште жив, а Швајцарија и Базел оддаваат чест само на починати луѓе кои имаат огромно влијание.
Роџер е роден во Базел, таму го заврши образованието и ја започна тениската кариера. На турнирот во Базел тој е рекордер по бројот на титули, девет пати го освојувал пехарот, па логично е што организаторите притискаат стадионот да го носи неговото име.
Интересно е што челниците на градот Базел и минатата година се обидуваа да го преименуваат стадионот во чест на врниот тенисер, но по гласањето во општината таа идеја беше одбиена.