Седлоски против Велкоски во финалето на Купот на БиХ

Еден Македонец ќе се радува на освоен трофеј во Купот на Босна и Херцеговин, откако денеска екипите на Широки Бријег и Сараево се пласираа во финалето на ова натпреварување. Тренер на Широки е Гоце Седлоски, а капитен на „бордо тимот“ е Крсте Велкоски.

Широки со вкупни 3-0 го елиминираше ТОШК Тешањ, по домашната победа од 2-0, на гости во Зеница славеа со 1-0, а Седли не беше премногу задоволен од изданието на неговите момци.

„Целта ни беше да дојдеме до финалето и го сторивме тоа. Го контролиравме мечот откако поведовме со 1-0, но малку сум им лут на играчите што не постигнаа уште некој гол. Сега се фокусираме на првенството, ќе играме против Сараево, кој е наш ривал во финалето на Купот, тие се први на табелата. Целта ни е да се освежиме до недела, да одиграме што подобро, па подобриот нека победи“, посака Седлоски.

Сараево беше многу убедлив и со вкупни 9-1 ја елиминираше Слога Црњелово. Денеска средбата заврши 5-0, а Велкоски влезе на 3-0 и играше 25 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести