На кој било стадион, во кое било време – Барса излегува на крај со Јунајтед

Барселона го направи првиот чекор кон полуфиналето во Лигата на шампионите по вечерашниот минимален триумф од 0-1 на гости кај Манчестер јунајтед. Каталонците на тој начин остварија ретко виден учинок, забележаа победа против најтрофејниот англиски клуб на четврти различен стадион. „Олд Трафорд“ беше тврдината која долго не можеа да ја освојат, сè до вечерва.

Првиот триумф на „Камп ноу“ датира од 1984 година (2-0), во 2009 година на „Олимпико“ во Рим се играше првото меѓусебно финале во ЛШ меѓу Барса и Јунајтед, а шпанскиот гигант славеше со 2-0. Две години подоцна, репризното финале се одржа на „Вембли“ во Лондон, Барса повторно го подигна пехарот при победа од 3-1. И секако, по вечерашниот дуел, „Олд Трафорд“ е четвртиот различен стадион.

Статистички гледано, „ѓаволите“ заслужено загубија, бидејќи вечерва не шутнаа ниту еднаш во рамките од голот на Тер Штеген. Ваков учинок во европското натпреварување не оствариле од 2005 година, откако претрпеа минимален пораз од Милан со 0-1 на домашен терен во осминафиналето.

Колку се големи трагичари, говорат осум автоголовите кои Јунајтед ги прими во ЛШ. Ниту една друга екипа во историјата ја нема затресено својата мрежа повеќе од гигантот од Манчестер.

Следниот вторник Јунајтед ќе мора значително да се поправи, во спротивно Барселона ќе биде на дофат од големото финале и борбата за шестиот европски трофеј.

- Оглас -

Најнови вести