Билети за Купот во Гевгелија со лична карта

Влезниците за кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија веќе се пуштени во продажба. Комплет билетите за четвртфиналните натпревари кои се играат утре (12 април) чинат 200 денари, за полуфиналните натпревари, кои се играат во сабота, по 100 денари, а за финалниот натпревар в недела исто така по 100 денари. Секое лице може да купи најмногу по две влезници со приложување на лична карта или патна исправа.

Билетите кои ќе бидат нумерирани како и седиштата во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се продаваат на билетарницата пред спортската сала, и тоа денеска од 8 до 20 часот, во петок од 8 до 10 часот, додека во сабота и недела влезници ќе можат да се купат од 8 до 11 часот.

При влегувањето во салата секој гостин со влезница ќе добие рачна алка со која ќе може повторно да се врати назад. Повторен влез ќе биде можен само со покажување на поништената влезница и неуништената рачна алка, велат организаторите.

- Оглас -

Најнови вести