Бајката заврши, ни Мурињо немаше лоша серија како оваа на Солскјер

Феноменалните резултати кои ги бележеше Манчестер јунајтед откако Оле Гунар Солскјер седна на менаџерското столче на Норвежанецот му донесоа долгорочен договор со клубот, но еуфоријата спласнува и „црвените ѓаволи“ се далеку од формата која ја имаа во претходните месеци.

Со Солскјер, Манчестер редеше победи на сите фронтови, врв беше кога во Париз го елиминираа ПСЖ, но од тој меч работите тргнаа на лошо. Тимот има четири порази на последните пет меча, низа каква што немаа во времето на Жозе Мурињо, кој беше разрешен пред Нова година поради слаби резултати, но и лош однос со некои од ѕвездите.

Проблем е што овие четири порази речиси го отпишаа Јунајтед од можноста да освои некој трофеј. Елиминирани се од ФА купот, во Премиер лигата ќе се мачат да дојдат до четврто место, кое води во ЛШ, а во ЛШ се пред елиминација. Без освоен трофеј и без место во Лигата на шампионите за следната сезона, плус можно заминување на Пол Погба, за Солскјер доаѓаат непријатни денови.

 

- Оглас -

Најнови вести