Борусија е светски првак во оваа категорија!

Навивачите се составен дел од фудбалските натпревари. Многу екипи потенцираат дека токму поддршката која ја добиваат од фановите им е голем поттик за да стигнат до посакуваниот резултат. По направената анализа, во периодот од 2013 година до 2018 година, екипата на Борусија Дортмунд има најголема просечна посетеност на своите мечеви.

Гигантот од Дортмунд е единствениот клуб во светот на чии мечеви во периодот од последните пет години имало во просек над 80 000 гледачи на меч. „Милионерите“ се со просек од 80 230 гледачи на меч и дури за 5 000 повеќе во просек се пред второрангираниот Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ во просек на „Олд Трафорд“ ги гледаат 75 218 гледачи. Само уште Барселона и Баерн Минхен се со просек од преку 70 000 гледачи на натпревар. Барселона има просек од 74 876, а Баерн е со просек од 73 781.

Место во топ 10 најпосетувани клубови во светот за периодот од 2013 до 2018 година има и за: Реал Мадрид (69 822), Шалке (61 328), Арсенал (59 793), Хамбургер (52 349), Штутгарт (52 012) и Атланта јунајтед (51 547 гледачи по меч). Во овој просек се гледаат мечевите кои се играат само во домашното првенство.

 

 

- Оглас -

Најнови вести