Капитенот на Валенсија, Даниел Парехо, повторно втор меч по ред не успеа да постигне гол од пенал, за негова среќа, без последици вечерва по клубот бидејќи Гедеш ја смести топката во мрежата на Вилјареал.
Парехо не погоди од 11 метри и на претходниот меч на популарните „лилјаци“ против Рајо Валјекано, и тоа при резултат 0-0, а потоа домаќините славеа со 2-0 и ја прекинаа серијата од 17 меча без пораз на Валенсија.
Вечерва и Фернандес, голманот на Вилјареал, му го одбрани ударот на Парехо, па прашање е сега дали тренерот на Валенсија, Марселињо, повторно ќе му даде шанса на капитенот да си проба „трета среќа“ со пеналите на некој од следните мечеви.