Со три гола и асистенција, 19-годишниот Жоао Феликс е најзаслужен за победата на Бенфика над Ајнтрахт од 4-2 во четвртфиналето на Лигата на Европа и покажа дека е најталентираниот португалски фудбалер, за кого може да се каже дека има потенцијал како оној на Кристијано Роналдо.
Феликс со 19 години и 153 дена е вториот најмлад играч кој направил хет-трик во историјата на Лигата на Европа, а втор најмлад зад Серхио Агуеро со хет-трик ако се смета и Купот на УЕФА како претходник на ЛЕ.
Ајнтрахт не знаеше за пораз оваа календарска година, но не можеше да го запре тинејџерот, Феликс беше феноменален и покажа дека интересот за него кој го пројавуваат Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер сити не е случаен. Од 1992 година наваму се немаше случено член на Бенфика да даде три гола на еден меѓународен натпревар.
https://www.youtube.com/watch?v=g1K87MIX0Zo