Спортска прогноза: Дали викендов ќе биде лизгаво за Ливерпул против Челзи?

Најатрактивен меч кој викендов ќе се игра во Европа, сигурно ќе биде тој на „Енфилд Роуд“, каде Ливерпул ќе го пречека Челзи. Двата клуба се со свои калкулации. Ливерпул е во трка за титулата со Манчестер сити, а Челзи е во борба за место кое води во Лигата на шампиони.

Дуелот кој се игра утре, во многу нешта асоцира и потсетува на тој кој беше одигран меѓу овие два клуба во април 2014 година, односно пред пет години. Тогаш, во рамките од 36. коло, Ливерпул беше лидер во Премиер лигата и во трка со Манчестер сити за титулата, а Челзи се бореше за место кое води во Лигата на шампиони.

Навивачите на „Енфилд Роуд“ очекуваа победа на Ливерпул, но пред крајот на првото полувреме, капитенот на домаќините Стивен Џерард се лизна, а Демба Ба го прифати подарокот и погоди за 0:1 за Челзи. Гостите на крајот славеа со 0:2, а тој пораз беше најава дека Ливерпул нема да ја освои титулата, туку дека Сити ќе се радува на трофејот.

Сега во Ливерпул го нема Џерард, но ситуацијата е иста. Сити е главниот нивни ривал, а Челзи е противникот кој мора да се победи. Фановите на Ливерпул се надеваат дека нема да има слична фудбалска трагедија како пред пет години, но Челзи сигурно ќе чека своја шанса.

Овој меч е дел од понудата за Спортска прогноза за овој викенд. Мобилните телефони  iPhone XS и Samsung Galaxy A6 2018 се главните премии во секое коло, а секогаш има и вредносни ваучери од Sport Life обложувалниците.

Играњето Спортска прогноза е бесплатно, па затоа побрзајте и прогнозирајте до 16 часот кога и започнува првиот меч за ова коло.

 

- Оглас -

Најнови вести