Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, ќе биде човекот кој ќе ги изведува ударите од белата точка што ќе бидат досудени во време на селекторувањето на Луис Енрике. Откако Рамос стана прв пеналџија во Реал Мадрид по заминувањето на Кристијано Роналдо, сега и во националниот тим на Шпанија, тој ќе биде прва опција.
Селекторот Енрике го избра Рамос, а тој ќе биде и човекот кон кој во противничкиот шеснаесетник ќе треба да се нафрлуваат топките при прекини како корнери и странични слободни удари. Екс тренерот на Барселона смета дека пеналите треба да ги шутира играч со искуство и персоналитет, а Рамос ги поседува тие квалитети.
Додека на селекторската функција седеше Висенте Дел Боске, одговорноста да шутира пенали беше кај Давид Вилја, а слободните удари ги изведуваа Чави и Чаби Алонсо. Кај селекторот Хулен Лопетеги, Давид Силва беше човекот за прекини.