Манчестер јунајтед се извлече во дуелот со Вест Хем и благодарение на два пенали, дојде до победата од 2-1 против Вест Хем. Двоен стрелец беше Пол Погба, кој сезонава има дадено седум гол од белата точка, со што е најефикасен пеналџија кај Јунајтед по Руд Ван Нистелрој кој е рекордер со осум гола од пенал во една сезона. Погба сезонава има вкупно 13 гола и девет асистенции, негова надобра сезона во дресот на овој клуб.
Погодокот за „чеканите“ го даде Фелипе Андерсон, и тој прв член на Вест Хем по Џермејн Дефо од 2001/2002, кој дал голови против „црвените ѓаволи“ на двата меча против нив во истата сезона. Вест Хем има три порази по ред.