Лукас Васкес од Реал Мадрид, изјави дека би сакал Еден Азар и Пол Погба да го засилат „кралскиот клуб“, а во Лигата на шампионите не би сакал титулата да ја освои Барселона, туку Ливерпул.
„Не нè деконцентрираат шпекулациите околу тоа кои би биле нови играчи, навикнати сме на такви работи. Сезоната уште трае и ќе се обидеме да освоиме што е можно повеќе бодови“ – вели крилото кое има договор до 2021 година и речиси сигурно ќе остане и следната сезона.
Васкес смета дека во Реал секогаш треба да играат врвни фудбалери, а Азар и Погба се такви.
„Азар е добредојден, тој е меѓу најдобрите на светот. Погба би бил интересно засилување, тој е млад и игра по целата средина на терен, добри би било да ги имаме“ – додава Васкес.
Реал уште е актуелен европски првак, но на 1 јуни, на тронот ќе се искачи друг тим.
„Мене многу ми се допаѓа Ливерпул. Ајакс е млад тим кој не се плаши, знаат да играат, и тие се интересни за гледање. Нема да ми се допадне ако Барселона го освои трофејот“ – завршува фудбалерот на Реал, клуб во кој дојде од Еспањол, а никогаш не бил повикан во репрезентацијата на Шпанија.