На Ковач му коваат бунт во Баерн, Јувентус чека ќар

Нико Ковач мора да го гаси пожарот во Баерн Минхен по лошите резултати во последно време, а веќе има бунт против него, објавија германските медиуми.

Поразот од Херта, претходно ремито со Аугсбург и потоа со Ајакс се премногу за гигант каков што е Баерн, па и не е неочекувано да има незадоволство.

Во првите борбени редови во бунтот против хрватскиот тренер се Хамес Родригес, Матс Хумелс и шпанскиот репрезентативец Мартинес.

Според германските медиуми, премногу среќни не се и Горецка, Гнабри, Вагнер и Суле, па Ковач мора експресно да реагира. Наводно, една од забелешките е дека Нико и соработниците, заедно со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ говорат меѓусебе на хрватски јазик, што е неприфатливо за бунтовниците.

„Ова не му е Франкфурт“, била реакцијата на Родригес по ремито со Ајакс во ЛШ. Ковач на клупата на Баерн пристигна од Ајнтрахт ова лето и веднаш се соочи со многу проблеми.

Целата ситуација будно ја следи раководството на Јувентус, а „старата дама“ е заинтересирана за Родригес и Хумелс, но веројатно и за Горецка.

- Оглас -

Најнови вести