Неочекуван победник во Остин, Маркес не ја заврши трката

Алекс Ринс од Сузуки е победникот на трката за Големата награда на Америка, што е негова прва победа во кариерата откако се натпреварува во кралската класа. Зад него за нијанса побавен беше Валентино Роси, а на подиумот се искачи и Џек Милер од тимот Алма Прамак.

Навистина никој не очекуваше ваков исход, бидејќи откако патеката во Остин е дел од календарот на Мото ГП од 2013 година, љубителите на најбрзите трки на погон на две тркала посведочија во победа која не беше забележана од страна на Марк Макрес. Актуелниот светски првак излета од патеката со својот мотоцикл на три круга пред крајот и не ја доврши трката.

Најдобар подвиг оствари Андреа Довициозо со неговиот Дукати, заврши на четвртото место иако трката ја стартуваше од 13-тата позиција.

https://twitter.com/MotoGP/status/1117519369448370178

Следната трка ќе се одржи во Шпанија точно за три недели.

- Оглас -

Најнови вести