Костумот на Репеша оди во канта: Постојано ме плукаа од публика

Црвена ѕвезда води со 2:0 во победи против Будуќност во финалето на АБА-лигата, кое е премногу тензично, како и ланското, а претставниците на црногорскиот тим се жалат на односот на публиката на српскиот првак.

Тренерот Јасмин Репеша ѝ честита на Црвена ѕвезда на втората победа, и тоа убедлива со 107:69, но употреби и тешки зборови.

„Ова е најблаго речено случај за психијатрија. Постојано ме навредуваа и ме плукаа. Сакото ми е цело со плуканици и морам да го фрлам в канта. Сум бил тренер на многу екипи низ Европа, но ова е невидено досега барем за мене. И честитав на Црвена ѕвезда на победата, имам многу пријатели Срби, но навивачите на овој клуб се срамотат со ваков однос. Не можам да прифатам такво однесување. Имаше сè, само спортски елементи не“, изјави Репеша.

И ова и ланското финале минуваат со многу тензија и инцидентни ситуации, а Црвена ѕвезда со две убедливи победи, и тоа двоцифрени, ќе патува во Подгорица, каде што ќе се играат следните два меча. Шампион на АБА-лигата ќе биде екипата која прва ќе забележи три победи, а белграѓани ќе бидат домаќини на таканаречената мајсторка, ако дојде до неа.

- Оглас -

Најнови вести