Јувентус само формално треба да ја обезбеди титулата во Серија А, па поразот од СПАЛ во последното коло воопшто никого од таборот на „старата дама“ не го заболе. Ако во Јувентус не им е галје што загубија од СПАЛ, сепак има луѓе кои се многу лути на одлуката на гигантот од Торино да игра со „трет состав“ на последното гостување.
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, вели дека таквата одлука на Јувентус е неправедна кон оние клубови кои заедно со СПАЛ се борат за опстанок во Серија А.
„Многумина ќе се согласат со тоа што ќе го кажам, многумина нема да се согласат. Ако играте против првиот тим на Јувентус, тоа е добро. Ако Јувентус реши да ги одмори поголемиот дел од стартерите и да игра со најдобрите замени и тоа е ОК. Но, ако Јувентус реши да игра со тимот Ц, во којшто има јуниори и играчи од третата лига, мислам дека тоа не е коректно за останатите екипи кои се во трка за опстанок со СПАЛ. Јас да сум тренер на СПАЛ ќе си речам дека тоа е одлична шанса да се победи Јувентус, но мислам дека тоа воопшто не е коректно. Јувентус има голем број играчи и не мора да ги користи јуниорите. Сепак, тоа е италијански фудбал, секогаш има контроверзии“, вели Михајловиќ.
Јувентус против СПАЛ имаше предност од 1-0 на полувремето, но на крајот загуби со 2-1 и на тој начин го претрпе вториот пораз сезонава. СПАЛ со тие три бода стигна до 35 бодови и се искачи на 13-тото место на табелата, додека Болоња, чиј тренер е Михајловиќ, има 31 бод и е на последната, 17-та позиција која носи спас во Серија А.
Јувентус ги штедеше првотимците за да бидат поодморени во пресрет на реванш-мечот од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Ајакс, во Торино.