Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, ќе паузира во следните две недели поради повреда. Нојер се повреди на дуелот против Фортуна Дизелдорф и беше заменет во 53-тата минута. На негово место влезе Свен Улрајх, а Фортуна до крајот на средбата успеа да даде почесен гол.
Според првичните прегледи, Нојер ќе паузира најмалку две недели, односно нема да може да игра на мечевите против Вердер и Нирнберг во Бундеслигата, каде што има уште пет кола до крајот. Баерн е лидер во првенството со 67 бодови, еден повеќе од Борусија Дортмунд, која е единствен конкурент во трката за тронот.
Освен повредата на голманот, неизвесен за следниот меч на Баерн е и дефанзивецот Матс Хумелс.