Јунајтед ќе му ја остави титулата на Сити, Ливерпул ќе остане со празни раце

Манчестер јунајтед може да игра со втор тим во градското дерби против Сити, смета некогашната легенда на „црвените ѓаволи“, Гери Невил. Некогашниот дефанзивец кој сега работи како аналитичар за англискиот фудбал вели дека Јунајтед има пеколен распоред и во 11 дена треба да одигра четири меча. Кога се игра во таков ритам, мора да се најде момент за да се одморат најдобрите играчи.

„Црвените ѓаволи“ се во борба за место кое води во Лигата на шампиони, а покрај денешниот меч против Барселона, во четвртфиналето од Лигата на шампиони ги очекува борба против Евертон на гости, а потоа и градското дерби со Сити, па директен дуел со Челзи за четвртото место на табелата.

„Манчестер ако загуби од Сити, а го добие Челзи, тогаш ќе биде на посакуваното четврто место. Сепак, ако во недела го добијат Евертон, може да се промени приоритетот на Солскјер. Не може да се играат четири меча во 11 дена со исти играчи. Ако го победат Евертон, мислам дека против Сити треба да одморат поголем дел од играчите“, вели Невил во својата анализа, но додава дека не смее да има предавање против ниту еден ривал. „Не велам дека треба да се предадеме во градското дерби. Сепак, јасно е дека дел од играчите ќе мора да одморат, но не се знае на кој меч ќе биде тоа. Според мене, тоа треба да биде на дуелот против Сити“, потенцираше Невил, кој како играч никогаш не криел дека најмногу го мрази големиот ривал Ливерпул.

По овие изјави на Невил, веднаш се огласи и некогашниот дефазивец на Ливерпул, Џејми Карагер.

„Толку очајно сите сакаат да го сопрат Ливерпул да ја освои титулата, што е неверојатно“, вели Карагер. Ливерпул речиси 30 години чека на титула во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести