Барселона сега има 3-0 предност против Манчестер јунајтед ако се смета и првиот меч, откако Лео Меси ја затресе мрежата на Де Хеа во 16-тата минута од мечот. Само моменти претходно, судијата Феликс Брих прво досуди пенал во корист на Каталонците, но со помошт на технологијата ВАР ја смени одлуката и со тоа го спречи Аргентинецот да шутира од белата точка.
Но тоа не беше проблем, бидејќи веќе во следниот напад Меси во свој стил изгради простор за удар и од околу 20 метри ја погоди подалечната страна. Само четири минути подоцна, Меси погоди и за 2-0, овојпат го надмудри Де Хеа со десната нога.
За мегаѕвездата на Барселона ова се деветти и десетти гол сезонава во осум натпревари, додека во четвртфиналињата во ЛШ го прекина постот од 2013 година.
https://www.dailymotion.com/video/x75xy1w
https://www.dailymotion.com/video/x75xybn