ММА борецот Нејт Дијаз, нема да го поддржи ниту Хабиб Нурмагомедов ниту Конор Мек Грегор, во утрешната битка во Лас Вегас, како дел од УФЦ 229. Дијаз даде интересна изјава, и рече дека не сака да има победник, иако тоа не е можно.
„Се надевам дека никој нема да победи. Најдобар резултат кој го посакувам е двајцата да бидат нокаутирани. Малку повеќе ми се допаѓа стилот на Конор, Хабиб се бори како мала плашлива кукавица“ – изјави Дијаз, кој нема убави зборови за конкурентите.
Дијаз двапати се има борено против Мек Грегор во 2016 година, и билансот му е 1-1. Нурмагомедов во кариерата не знае за пораз, и затоа важи за мал фаворит во битката на деценијата против легендарниот Ирец.
Битката помеѓу Русинот Нурмагомедов и Ирецот Мек Грегор е закажана за ноќта сабота кон недела по македонско време.